За нас

Целта на Лабораторијата АМБИКОН е остварување на мисијата преку постепено реализирање на визијата со компетентно, непристрасно и доследно извршување на лабораториските активности.

Мисија

Лабораторијата АМБИКОН посебен акцент става на научните истражувања, како и на сервисирање на потребите на индустриските компании.

Комплетно е ставена на располагање на студентите од прв, втор и трет циклус студии на Факултетот за природни и технички науки, за научни истражувања во рамките на изработката на нивните дипломски и магистерски трудови, како и за изработка на докторски дисертации.

Отворена е за соработка со сите заинтересирани страни, универзитетски и други научно-образовни институции, медицински установи, правни и физички лица, индустриски компании за контрола на квалитетот на работната и животната средина, како и за државните институции и тела чијашто надлежност е контрола на квалитетот на работната и животната средина.

Доколку сакате да вршите испитување во нашата лабораторија, неопходна е резервација на термин.

Нашата мисија ја остваруваме преку тимска работа, заснована на соработка, доверба, меѓусебно почитување, мотивација и наградување на секој успех.

Визија

Лабораторијата АМБИКОН да прерасне во високотехнолошка лабораторија на државно ниво која со истражувањата и примена на политиката на квалитет, политиката за заштита на животната средина и политиката за безбедност и здравје при работа ќе биде препознатлива како современ, квалитетен и доверлив партнер во ефикасно решавање на проблемите поврзани со контрола на квалитетот на работната и животната средина, беспрекорно испитување на примероците од секаква природа, како и остварување научен придонес во останати области.

Политики на отворен пристап

Нашиот тим

проф. д-р Блажо Боев

Раководител на лабораторијата

Оддел за амбиентална контрола

проф. д-р Дејан Мираковски

Раководител на оддел

проф. д-р Марија Хаџи-Николова

Стручен соработник

м-р Бобан Самарџиски

Лаборант

Игор Павлов

Лаборант

Оддел за анализа и тестирање на материјали

проф. д-р Тена Шијакова Иванова

Раководител на оддел

проф. д-р Афродита Зенделска

Стручен соработник

проф. д-р Иван Боев

Стручен соработник

проф. д-р Ѓорѓи Димов

Стручен соработник

м-р Маја Ристова Делипетрев

Лаборант

м-р Елена Наунова

Лаборант

Ана Михаиловска

Лаборант